политика

Турција го поздрави успешното завршување на претседателските избори во Северна Македонија

„Го поздравуваме успешното завршување на вториот круг од претседателските избори кои се одржаа на 5 мај во Северна Македонија“, се наведува во соопштението на турското Министерство за надворешни работи

Ekip  | 06.05.2019 - Обновена : 07.05.2019
Турција го поздрави успешното завршување на претседателските избори во Северна Македонија

АНКАРА (АА) - Турција го поздрави успешното завршување на вториот круг од претседателските избори во Северна Македонија, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Го поздравуваме успешното завршување на вториот круг од претседателските избори кои се одржаа на 5 мај во Северна Македонија“, се наведува во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.

Во ова соопштение се истакнува дека Турција придава голема важност на политичкото единство, стабилноста и благосостојбата на Северна Македонија.

„Веруваме дека резултатите на претседателските избори ќе ги зајакнат мирот и стабилноста на земјата“, се додава во соопштението.

Се вели дека Турција ќе продолжи да работи уште повеќе во насока на развивање на односите со Северна Македонија во секоја област и дека ќе ја продолжи соработката со земјите во регионот, со цел зголемување на стабилноста и благосостојбата на Балканот.

Потсетуваме, денеска се одржа вториот круг од претседателските избори во Република Северна Македонија.

Според податоците од официјалната интернет страница на Државната изборна комисија (ДИК) кандидатот за претседател на Република Северна Македонија, поддржан од Социјал-демократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) и владејачката колаиција, победи Стево Педаровски, со освоени 51,66 отсто од вкупниот број гласови, а неговата противкандидатка Гордана Силјановска - Давкова, има освоено 44,73 отсто од вкупниот број гласови.

Податоците на ДИК покажуваат дека Пендаровски освоил 436.212 гласови, а Силјановска-Давкова има освоено 377.713, додека 30.442 (3,61 отсто) се неважечки гласови. Како што објави ДИК, излезноста на денешните избори изнесува 46,70 отсто, односно своето право на глас го искористиле 844.365 граѓани.

Првиот круг од претседателските избори се одржа на 21 април.

Од независноста на државата, ова се шести претседателски избори.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.