Abdula Berisha
22 Април 2019•Ажурирај: 24 Април 2019
СКОПЈЕ (АА) - Државната изборна комисија (ДИК) одржа јавна седница на којашто го разгледа Заклучокот за објавување на конечните резултати од првиот круг на гласање на претседателските избори одржани во неделата во Републиката Северна Македонија, пренесува Anadolu Agency (AA).
ДИК информираше дека на претседателските избори своето право го оствариле 755.816 гласачи од запишаните 1.808.131, односно излезеноста била 41.85 отсто.
Освен тоа, на јавната седница ДИК информираше и за бројот на гласови што ги освоил секој од тројцата кандидати кои учествуваа во изборната трка.
ДИК информира дека Стево Пендаровски подржан од Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија (СДСМ) и владината коалиција освоил 323.892 гласа, Гордана Силјановска-Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата 319.364 гласови, а Блерим Река подржан од опозициските албански партии Алијанса на Албанците и Движењето БЕСА освоил 79.921 глас.
Со ова, претседателот на ДИК Оливер Дерковски констатираше дека според Изборниот законик, ниту еден од тројцата кандидати не го добил потребниот број гласови за да биде избран за претседател на Републиката, додавајќи дека во вториот круг ќе се натпреваруваат двајцата кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови, односно Стево Пенадровски и Гордана Силјановска-Давкова.
Во текот на седницата, ДИК исто така ги разгледа и жалбите и нерегуларностите во текот на изборниот процес.
ДИК го поништи гласањето на избирачкото место 2564 во општина Ѓорче Петров, Скопје, но констатираше дека нема потреба од прегласување затоа што тоа нема да влијае на конечниот резултат. На ова избирачко место гласале 405 избирачи, а во кутијата имало 408 ливчиња, па затоа ДИК одлучи да го разреши избирачкиот одбор, да поведе дисплинска постапка за членовите и да назначи нов одбор.
Освен ова, ДИК разгледа и неколку други жалби за наводни помали нерегуларности, но констатира дека тие не влијаат на конечниот резултат.
Политичките партии имаат рок од 48 часа од завршувањето на гласањето, да поднесат жалби до ДИК во врска со изборниот процес, а потоа имаат право и на жалба до Управниот Суд.
Вториот изборен груг од претседателските избори во Република Северна Македонија е закажан на 5 мај оваа година.