политика

Турскиот министер Чавушоглу ја започна средбата со Димитров

Се очекува да бидат разменети мислења за севкупните билатерални односи помеѓу двете традиционално пријателски земји, како и за можностите за зајакнување на соработката во сите области од заемен интерес

Admir Fazlagic  | 16.07.2019 - Обновена : 16.07.2019
Турскиот министер Чавушоглу ја започна средбата со Димитров Фото: Dzihat Aliju/АА

СКОПЈЕ (АА) - Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија, се состана со министерот за надворешни работи на оваа земја, Никола Димитров, јавува Anadolu Agency (AA).

Министерството за надворешни работи (МНР) на Северна Македонија соопшти дека турскиот министер Чавушоглу престојува во официјална посета на земјава, на покана на неговиот колега, министерот за надвошрени работи на Северна Македонија, Никола Димитров.

Според соопштението на МНР, се очекува да бидат разменети мислења за севкупните билатерални односи помеѓу двете традиционално пријателски земји, како и за можностите за зајакнување на соработката во сите области од заемен интерес

За време на посетата, во просториите на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, од страна на министрите Димитров и Чавушоглу ќе биде официјално пуштена во употреба техничката опрема за дигитализација на дипломатскиот архив на Министерството. Проектот е поддржан од Министерството за надворешни работи на Република Турција, а финансиран од страна на Турската агенција за соработка и развој - ТИКА.

Во рамките на посетата на земјава, се предвидува министерот Чавушоглу да се сретне и со претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и со заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи.

Шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, вчера ја започна посетата на Северна Македонија, каде што во Скопје, под покровителство на Амбасадата на Турција во Скопје, со поддршка на ТИКА, Институтот „Јунус Емре“, Anadolu Agency (AA), Фондацијата „Маариф“ и Меѓународниот балкански универзитет во Скопје (İBU), по повод 15 јули - Денот на демократијата и националното единство, учествуваше на панел-дискусија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.