политика

Телефонски разговор Пендаровски - Радев

„Двајцата претседатели разговараа за најновиот развој на билатералните односи меѓу двете соседни држави во светло на неодамнешната посета на претседателот на Владата на Бугарија на Скопје, како и за претстојните активности во Софија“

Furkan Abdula  | 21.01.2022 - Обновена : 22.01.2022
Телефонски разговор Пендаровски - Радев Фото: АА/Архива

СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, оствари телефонски разговор со претседателот на Бугарија, Румен Радев, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштението на Кабинетот на претседателот на Северна Македонија, Пендаровски му честиташе на претседателот Радев за стапувањето на должноста и му посака успешен мандат.

„Двајцата претседатели разговараа за најновиот развој на билатералните односи меѓу двете соседни држави во светло на неодамнешната посета на претседателот на Владата на Бугарија на Скопје, како и за претстојните активности во Софија“, се вели во соопштението.

Во тој контекст, Пендаровски го поздрави воспоставениот дијалог меѓу двете влади и ја истакна подготвеноста на Република Северна Македонија за негово интензивирање во наредниот период.

„Во насока на зајакнување на дијалогот меѓу двете земји, двајцата претседатели разговараа и за можноста за скорешна официјална посета на претседателот Пендаровски на Софија, како и за интензивирање на комуникацијата на највисоко ниво во претстојниот период“, се додава во ова соопштение.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.