Fatjon Cuka,Malik Hasa
28 Мај 2016•Ажурирај: 29 Мај 2016
ТИРАНА (АА) - Денеска во Тирана во организација на Собранието на Албанија започна пролетната сесија на Парламентарното собрание на НАТО со учество на делегациите на земјите-членки на алијансата, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати во својот говор на панелот на Парламентарното собрание на Политичкиот комитет на НАТО, истакна дека со мисиите на НАТО, ЕУ и ОН се наоѓаат и мисиите на Косово, Авганистан, Босна и Херцеговина и Црна Гора и дека со учеството на Мисијата за стабилна поддршка (RSM), оваа година е двојно зголемена поддршката за Авганистан.
Бушати рече дека агресијата на Русија врз Украина во прашање ја доведува стабилноста во Европа и дека се загрижувачки активностите на Русија на меѓународната сцена.
Тој истакна дека по одлуката за испраќање на бродови на НАТО со цел да им помогнат на Грција и Турција во обезбедувањето на Егејското Море, ја довело соработката на едно ново ниво.
„НАТО е незаменив актер на полето на безбедноста во западен Балкан и затоа Албанија, политиката на НАТО на отворени врати отсекогаш ја подржувала и ќе продолжи да ја подржува. Колку што е битно соседот Македонија да стане членка на НАТО, толку е битно и членството на Босна и Херцеговина. Би сакале да ги видиме во алијансата и заедно да напредуваме“, изјави Бушати.
Од друга страна претседателот на Парламентарното собрание на НАТО , Мајкл Р. Тарнер, генералниот секретар на Парламентарното собрание на НАТО, Дејвид Хобс и шеф на делегацијата на Албанија во Парламентарното собрание на НАТО, Пандели Мајко одржаа заедничка средба.
На заедничката средба во Тирана, Тарнер истакна на дека имале можност да зборуваат на предизвиците со кои се соочуваат, како што се борбата со тероризмот, миграциите, граѓанската војна во Сирија и состојбата во Либија.
На прашањето дали НАТО планира да испрати војска во Сирија, Тарнер изјави: „Никој не може да го брани присуството на својата војска во Сирија, доколку не станува збор за борбата против ДАЕШ и обезбедувањето на стабиноста во земјата. Потребно е елиминирање на ДАЕШ, бидејќи за сите нас тој е голема закана од рак. Нападите во Европа се меѓународна закана. НАТО, заедно со сојузниците е потребно да работат на оваа проблематика.“
Комисијата за цивилна димензија на безбедноста ќе ги разгледува потребите од зголемување на соработката во борбата против тероризмот, потешкотиите во интегрирањето на земјите од Западен Балкан, кризата во Украина и многу други теми.
На дневен ред на Парламентарното собрание на НАТО во Тирана покрај останатите теми, ќе се разглеуваат и безбедносните проблеми во Западен Балкан и пратената покана на НАТО кон Црна ГОра за членство во алијансата.
Во пролетна сесија на Парламентарното собрание на НАТО, кое завршува во понеделник, на 30 мај, учество ќе земат повеќе од 250 делегации од 28 земји-членки.
За да се обезбеди соодветно извршување на работата, полицијата на Албанија ги презема сите мерки за безбедност.