Ekipa
18 Мај 2021•Ажурирај: 19 Мај 2021
СКОПЈЕ (АА) - Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија прогласи руски дипломат за непожелна личност во земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството се истакнува дека согласно член 9 од виенската конвенција за дипломатски односи, донесена е одлука за прогласување на еден дипломат на Амбасадата на Руската Федерација за непожелна личност во Република Северна Македонија.
„На 14 мај 2021 година, во просториите на Министерството за надворешни работи беше повикан амбасадорот на Руската Федерација, при што беше врачена нота со која се наложува на посочениот дипломат да ја напушти територијата на Северна Македонија во рок од седум дена“, се наведува во соопштението.
Министерството не ги наведе причините за таквата одлука.