политика, Балкан

Претседателски избори во Северна Македонија: Излезноста до 17 часот 44,18 отсто

Според податоците на ДИК, до 17 часот своето право на глас го искористиле 747.059 граѓани од вкупно запишани 1.814.317 гласачи, од над 97 отсто обработени избирачи

Abdulbesar Ademi  | 24.04.2024 - Обновена : 24.04.2024
Претседателски избори во Северна Македонија: Излезноста до 17 часот 44,18 отсто

СКОПЈЕ (АА) - Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), излезноста до 17 часот во првиот круг од претседателските избори во Северна Македонија изнесува 44,18 отсто, јавува Анадолу.

Според податоците на ДИК, до 17 часот своето право на глас го искористиле 747.059 граѓани од вкупно запишани 1.814.317 гласачи, од над 97 отсто обработени избирачи.

Првиот човек на ДИК, Александар Даштевски, на прес-конференција соопшти дека најголема излезност е забележана во Новаци, 67,19 отсто, додека најмала излезност е забележана во Пласница 15,5 отсто.

Даштевски нагласи и дека „досега на сите избирачки места гласачкиот процес се одвива непречено“.

Споредено со првиот круг од претседателските избори во 2019 година, до 17 часот на овие избори има поголема излезност од околу 9 отсто.

Гласањето завршува во 19 часот, додека следната прес-конференција на ДИК е најавена за 19:30 часот.

Победник во првиот круг на изборите се прогласува доколку еден од кандидатите освои повеќе од 50 отсто од гласовите од сите запишани избирачи.

Доколку во првиот круг не се прогласи победник, вториот круг е предвиден да се одржи на 8 мај, денот кога се закажани и парламентарните избори во земјата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.