Ekipa
29 Октомври 2023•Ажурирај: 31 Октомври 2023
СКОПЈЕ (АА) – Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денес упати срдечни честитки по повод 100-годишнината од основањето на Република Туркије, пренесува Анадолу.
Тој упати честитки до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган со желби за просперитет и благосостојба на Република Туркије и турскиот народ.
„Уверен сум дека врските на пријателство, разбирање и соработка ќе продолжат да јакнат и да се развиваат и во иднина“, порача Пендаровски преку платформата Х.
„Турција е наш долгогодишен стратешки партнер со којшто споделуваме заеднички ставови по многу прашања од билатерален и од поширок интерес“, додаде Пендаровски во честитката.
Во Република Туркије денеска со бројни манифестации, програми и активности се одбележува 29 Октомври, Денот на Републиката, и 100-годишнината од прогласувањето на Република Туркије.
Националниот празник, Денот на Републиката, во Туркије се одбележува во знак на сеќавање на прогласувањето на Република Туркије во 1923 година. Републиката ја прогласи војсководецот Мустафа Кемал Ататурк, кој потоа беше избран од Големото народно собрание на земјата за прв претседател на современа Туркије.