Abdula Berisha
29 Март 2023•Ажурирај: 29 Март 2023
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, го пречека сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, кој престојува во официјална посета на земјата, јавува Анадолу.
Претседателите беа придружени од првите дами, Дорис Шмидауер и Елизабета Ѓоргиевска.
Ван дер Белен беше пречекан со највисоки државни и воени почести на официјална церемонија во Кабинетот на претседателот. Во текот на посетата, предвидено е двајцата претседатели да се обратат на економски форум.
За време на официјалната посета, австрискиот претседател Ван дер Белен ќе оствари средби и со претседателот на Собранието, Талат Џафери, претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, и ќе се обрати на свечена седница во Собранието на Република Северна Македонија.
Ван дер Белен ја започна својата официјалната посета на Северна Македонија вчера со посета на Охрид.