Furkan Abdula
24 Февруари 2022•Ажурирај: 25 Февруари 2022
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, изрази силна осуда за воените дејствија кои Русија ги презема над Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Кабинетот на претседателот на Северна Македонија.
„Изразувам силна осуда за воените дејствија кои Русија ги презема над Украина, што неизбежно ќе водат кон ненадоместлива загуба на човечки животи и материјална штета“, нагласи Пендаровски.
„Инвазијата на Украина од страна на Русија е напад на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, сериозна повреда на основните принципи на меѓународното право, удар врз демократскиот поредок и закана за стабилноста на Европа“, рече тој.
Пендаровски истакна дека како НАТО членка, Северна Македонија се приклучуваа кон повикот на Алијансата насочен кон Русија за прекин на воените дејствија на територијата на Украина.
„Во име на граѓаните на Северна Македонија, изразувам солидарност со украинскиот народ во овие тешки времиња“, додаде Пендаровски.