политика, Балкан

Мицкоски, Муцуски и Муртезани на средба со британскиот премиер Кир Стармер

Потврдени се „одличните односи меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство’

Elena Trenchevska Chekovic  | 23.10.2025 - Обновена : 24.10.2025
Мицкоски, Муцуски и Муртезани на средба со британскиот премиер Кир Стармер Фото: Официјален профил на министерот за надворешни работи и надворешна трговија на РСМ, Тимчо Муцунски, на платформата Х

СКОПЈЕ (АА) – Претседателот на Владата на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, заедно со министерот за надворешни односи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и министерот за европски прашања Орхан Муртезани во Лондон остварија средба со британскиот премиер Кир Стармер, пренесува Анадолу.

За средбата преку пост на американската компанија за социјални медиуми Х објави министерот Муцунски, истакнувајќи дека се потврдени „одличните односи меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство’.

„Разговаравме за посилна економска и трговска соработка“, додаде Муцунски во објавата.

Посочи дека е нагласена и клучната улога на Велика Британија во поддршката на Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес.

Делегација од Северна Македонија предводена од претседателот на Владата Христијан Мицкоски престојува во Лондон по повод Самитот за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес, за промовирање на регионалната соработка и унапредување на безбедноста и економскиот раст.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.