Satuk Buğra Kutlugün
13 Октомври 2016•Ажурирај: 14 Октомври 2016
РИЈАД (АА) - Ситуацијата во ирачкиот град Мосул, окупиран од страна на ДЕАШ, беше на врвот од дневниот ред на состанокот меѓу министерот за надворешни работи на Турција и неговиот саудиски колега, Адел бин Ахмед ал Џубеир, јавува Anadolu Agency (AA).
Според дипломатски извор, Чавушоглу исто така го информирал саудискиот министер за мерките преземени против терористичката организација ФЕТО по обидот за државен удар во Турција на 15 јули.
Присуството на турските трупи во Ирак неодамна беше критикувано од страна на Багдад. Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, и турскиот премиер, Бинали Јилдирим, изјавија дека присуството на турската армија во кампот Башика, во северен Ирак, ќе продолжи без разлика на именувањето на турските сили како „окупатори“ од страна на Парламентот во Багдад, на почетокот од оваа недела.
Минатиот декември, Турција испрати околу 150 трупи и дваесетина борбени тенкови во Башика, лоциран околу 12 километри (7,46 милји) североисточно од Мосул.
Во меѓувреме, Чавушоглу оствари телефонски разговор со шефот за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, во кој доминираше прашањето за Башика и Сирија.
Чавушоглу подоцна беше примен од страна на Саудискиот монарх, Кралот Салман Бин Абдулазиз ал-Сауд.