МВР: Приведени четворица Албанци кои илегално влегле во Македонија
„На 14.05.2016 година во 19.20 часот во непосредна близина на м.в „Раскрсница“, атар на с.Јажинце, при илегален влез во Р.Македонија од Р.Косово, приведени се Л.Џ. (25), Л.С. (25), З.З. (21) и З.И. (20), сите од Кукс, Република Албанија", се наведува во соопштението на МВР.
Admir Fazlagikj
15 Мај 2016•Ажурирај: 16 Мај 2016
СКОПЈЕ (АА) - Четвотица албански државјани кои нелегално влегле од Косово во Македонија биле приведени од страна на македонската полиција, информираше денеска Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, пренесува Anadolu Agency (AA).
„На 14.05.2016 година во 19.20 часот во непосредна близина на м.в „Раскрсница“, атар на с.Јажинце, при илегален влез во Р.Македонија од Р.Косово, приведени се Л.Џ. (25), Л.С. (25), З.З. (21) и З.И. (20), сите од Кукс, Република Албанија", се наведува во соопштението на МВР.
Од МВР информираат дека лицата се приведени синоќа околу 22 часот во СВР-Тетово за понатамошна постапка.