Bekim Buci
01 Мај 2016•Ажурирај: 02 Мај 2016
СКОПЈЕ (АА) - Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера во 6:40 часот во Гевгелија на регионалниот пат во близина на раскрсницата Велес - Штип, полицијата го запрела возилото марка"Опел Сенатор" со велешки регистарски таблички, управувано од лицето К.Ѓ од Неготино, при што откриени се деветмина мигранти, пренесува Anadolu Agency (AA).
По проверка на автомобилот пронајдени се девет мигранти од Авганистан и Пакистан.
"Со цел расветлување на случајот, македонскиот државјанин бил приведен и задржан во полициската станица во Велес. За настанот е известено Јавното обвинителство ОЈО на РМ за гонење на сторители од областа на организираниот криминал и корупцијата" се вели во соопштението на полицијата.
Против лицето K.Ѓ. е поднесена кривична пријава под сомнение за сторено кривично дело "трговија со мигранти". Истиот е изведен пред Јавното обвинителство и Основниот суд Скопје 1. Судијата му одредил на лицето казна домашен притвор.