Hakan Ceyhan Aydoğan
18 Февруари 2017•Ажурирај: 19 Февруари 2017
МИНХЕН (АА) - Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров изјави дека неговата земја не бара судир со ниту една земја, но дека има сила да ги штити своите интереси, јавува Anadolu Agency (AA).
Лавров кој зборуваше на 53. Минхенска безбедносна конференција изјави дека проширувањето на НАТО ги зголемило тензиите во Европа и дека е потребно повторно да се покрене соработка со Сојузот за да биде продолжен дијалогот и да биде отстранетa загриженоста како на Русија така и на Западот.
Рускиот министер потсети на Главниот документ за взаемни односи, соработка и безбедност потпишан во Париз пред 20 години, односно Римската декларација потпишана пред 15 години.
Министерот за надворешни работи на Русија истакна дека тензиите во односите на Русија и Западот се вештачки.
„Русија не бара судир со никој, но има сила во секој момент да ги брани своите интереси. Нашиот главен принцип е да се до цел по пат на дијалог ”, појасни Лавров.
Зборувајќи за кризата во Украина, Лавров изјави дека се додека не бидат исполнети обврските потпишани со Договорот од Минск, нема да се укинат санкциите на Западот.
Исто така тој изрази желба за развивање на односи со САД врз сонова на двострано почитување.