политика

Заев: „Не постигнавме договор со ВМРО-ДПМНЕ“

Тема на средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, беше Законот за Основното јавно обвинителство, за кој преговараа работни групи на двете најголеми партии

Abdula Berisha  | 11.09.2019 - Обновена : 11.09.2019
Заев: „Не постигнавме договор со ВМРО-ДПМНЕ“

СКОПЈЕ (АА) - Премиерот на Република Северна Македонија, а воедно и лидер на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија (СДСМ), Зоран Заев, на прес-конференција истакна дека не постигнале договор со опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ на лидерската средба одржана синоќа, пренесува Anadolu Agency (AA).

Тема на средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, беше Законот за Основното јавно обвинителство, за кој работни групи на двете најголеми политички партии преговараа во последните неколку дена.

Заев во текот на вчерашниот ден нагласи дека несогласувањата не се несовладливи, додавајќи дека очекува страните да ги преземат одговорностите, но средбата која започна во 20:00 часот во Собранието на Северна Македонија продолжи до денешните утрински часови, завршувајќи без постигнување договор.

Заев ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека нивната конечна цел е да не се процесуираат случаите на Специјалното јавно обвинителство, нагласувајќи дека на овој начин тие бараат амнестија.

Тој истакна дека никогаш нема да гази на „црвените линии“, одбивајќи да прифати барања кои се против правдата, против НАТО и ЕУ.

Заев додаде дека тоа е во интерес на граѓаните.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın