политика, Балкан

Заврши гласањето во првиот круг од претседателските избори во Северна Македонија

Надлежните во текот на денот соопштија дека гласањето се одвива мирно и без поголеми инциденти на сите избирачки места, со исклучок на некои случаи на фотографирање на гласачкото ливче

Abdula Berisha  | 24.04.2024 - Обновена : 24.04.2024
Заврши гласањето во првиот круг од претседателските избори во Северна Македонија

СКОПЈЕ (АА) - Во 19:00 часот се затворени избирачките места, со што заврши гласањето во првиот круг од претседателските избори во Северна Македонија, јавува Анадолу.

Од 7 часот изутрината на 3.480 избирачки места во земјава можност да го остварат своето избирачко право и да изберат еден од седумте кандидати за претседател имаа вкупно 1.814.317 граѓани запишани во избирачкиот список.

Надлежните во текот на денот соопштија дека гласањето се одвива мирно и без поголеми инциденти на сите избирачки места, со исклучок на некои случаи на фотографирање на гласачкото ливче.

До 18:30 часот, според податоците на Државната изборна комисија, своето избирачко право го искористиле 721.712 граѓани или над 48 отсто од запишаните избирачи.

Победник во првиот круг на изборите се прогласува доколку еден од кандидатите освои повеќе од 50 отсто од гласовите од сите запишани избирачи.

Доколку во првиот круг не се прогласи победник, вториот круг е предвиден да се одржи на 8 мај, денот кога се закажани и парламентарните избори во земјата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.