политика

ЕУ ја потврди стратешката важност на Турција за Блокот

„Ние ја потврдивме важноста што ја придаваме на односите со Турција, која е земја кандидат, партнер од стратешко значење за ЕУ“, изјави Могерини на состанокот на Советот за асоцијација на Турција и ЕУ во Брисел.

Zehra Nur Düz  | 15.03.2019 - Обновена : 16.03.2019
ЕУ ја потврди стратешката важност на Турција за Блокот

АНКАРА (АА) - Високата претставничка на Европската Унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини, денес ја нагласи важноста на односите меѓу ЕУ и Турција, нарекувајќи ја партнер од стратешка важност за ЕУ, јавува Аnadolu Agency (AA).

„Ние ја потврдивме важноста што ја придаваме на односите со Турција, која е земја кандидат, партнер од стратешко значење за ЕУ“, изјави Могерини на состанокот на Советот за асоцијација на Турција и ЕУ во Брисел.

Таа, исто така, изјави дека соработката меѓу Турција и ЕУ е важна за сириските бегалци и политичко решение во земјата зафатена од војна.

Во врска со борбата против тероризмот на Турција, Могерини изјави дек ЕУ ќе ја продолжи својата поддршка за антитерористичките напори на Турција.

„ПКК се наоѓа на листата терористички организации на ЕУ и тоа не се дискутира меѓу земјите членки“, изјави таа.

Во својата над 30-годишна терористичка кампања, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на 40.000 лица, меѓу кои има и жени и деца. ЈПГ е нејзин сириски огранок.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın