Gazi Nogay
25 Октомври 2023•Ажурирај: 26 Октомври 2023
АНКАРА
На состанокот на пратениците на Партијата за правда и развој (АК партија) во турскиот парламент, се обрати претседателот на Туркије, и претседател на оваа партија, Реџеп Таип Ердоган. Во својот говор, Ердоган осврнувајќи се на ситуацијата во Палестина, истакна:
„Речиси половината од убиените во израелските напади на Газа се деца. Тоа потврдува дека целта е дивјаштво и свесно извршување на злосторства против човештвото. Ние никогаш не ја одобривме и никогаш нема да ја одобриме суровоста што ја практикува Израел.“
Претседателот Ердоган рече дека израелските напади врз Газа се знак кој укажува на состојба на убица и ментална болест и на оние кои ги изведуваат и на оние кои ги поддржуваат.
Ердоган рече дека Туркије е икслучително тажна поради беспомошноста што ОН ја покажале со замижувањето пред бруталното убивање деца во израелско-палестинскиот конфликт
„Никој не ја сфаќа сериозно структурата што го занемарува бруталното убивање деца. Ние сме исклучително тажни поради оваа слика на беспомошност во која западнаа ОН“, рече Ердоган.
„Приговорите на Туркије за неправедната структура во Советот за безбедност на ОН повторно беа потврдени со неодамнешните вести“, додаде тој, осврнувајќи се на тоа дека на резолуцијата за прекин на огнот на Блискиот Исток беше ставено вето од една од петте постојани членки на Советот, структура за која Туркије долго време се противи.
Ердоган го повтори својот цитиран слоган за реформи во ОН, „Светот е поголем од пет“, мислејќи на нерепрезентативната природа на петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН, со право на вето.
Тој додаде дека молкот за масакрот во Газа од страна на оние што застанаа во одбрана на светот во руско-украинската војна, е „најконкретен израз на лицемерство“.
Истакнувајќи дека земјите надвор од регионот „долеваат масло на огнот“ во име на поддршката за Израел, Ердоган рече дека Туркије е подготвена да биде еден од гарантите на палестинската страна со хуманитарно, политичко и воено присуство.
„Предлагаме да се организира меѓународна мировна конференција за Палестина и Израел на која ќе учествуваат сите влијателни актери од регионот“, рече тој.
Претседателот Ердоган истакна дека во моментов е најважно сите страни да го тргнат прстот од чкрапало, и дека примирјето во израелско-палестинскиот судир мора веднаш да биде воспоставен.
„Туркије е подготвена да биде една од гарантите на мирот за палестинската страна, со своите хуманитарни, политички и воени капацитети“, потенцираше Ердоган
Ердоган рече дека била планирана посета на Израел, но додаде дека псоетата е откажана.
Зборувајчи за групата Хамас, Ердоган рече дека Хамас не е терористичка организација, туку група ослободители и муџахедини (борци) кои се борат да ја заштитат својата територија и својот народ.
Во врска со ситуацијата на јужните граници на Туркије со Сирија и Ирак, Претседателот Едоган рече „Ќе продолжиме со нови операции да го уништуваме терористичкиот коридор кој се обидува да се воспостави на нашите граници“.