Esra Tekin
27 Март 2025•Ажурирај: 27 Март 2025
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го повика исламскиот свет да го прегрне единството и „цврсто да се држи до нашето братство“ без оглед на етничките разлики, јавува Анадолу.
„Како исламски свет, без разлика дали сме Турци, Курди, Арапи, Персијци, Азијци или Африканци, црни или бели, мора да го прегрнеме единството и цврсто да се држиме до нашето братство“, рече Ердоган на церемонијата за доделување награди на натпреварот за рецитирање Куран во главниот град Анкара.
Турскиот претседател повика на единство „за залечување на нашите рани, воспоставување правда на Земјата и за ставање крај на страдањето на угнетените“.
Осврнувајќи се на повторното започнување на нападите на Израел врз Газа, со кои е прекршен договорот за прекин на огнот, Ердоган рече: „Охрабрена од молкот на западните сили, станувајќи сѐ побезобѕирна од ден во ден, израелската Влада ја продолжува својата политика на геноцид дури и за време на Рамазан.“
Ердоган ја повтори решеноста на Анкара да направи „сѐ што е потребно да се стави крај на угнетувањето и геноцидот во Газа колку што е можно побрзо“.
Тој, исто така, ја повтори цврстата поддршка на Туркије за Палестинците.