Beyza Binnur Dönmez
10 Јуни 2024•Ажурирај: 12 Јуни 2024
ЖЕНЕВА (АА) - Екстремно десничарските партии остварија значаен напредок на парламентарните избори во Европската Унија (ЕУ), иако трите најголеми партии, центристичките, либералните и социјалистичките партии, задржаа контрола над 720-члениот Парламент, јавува Анадолу.
Според прелиминарните податоци, излезноста изнесуваше 50,6 отсто. Луксембруг забележа најголема излезност од 82,3 отсто, додека најниската излезност беше во Хрватска - 21,3 отсто.

Според прелиминарните податоци, Европската народна партија (ЕПП), која ги обединува партиите од десниот центар, социјалдемократите и либералите го задржа мнозинството во новото свикување на Европскиот парламент, освојувајќи 185 пратенички места. Сепак, потребна е коалиција за Урсула фон дер Лајен да добие втор мандат.
Зелените/Европската слободна алијанса загуби 20 места и падна на шестото место во Парламентот обезбедувајќи само 52 места. Социјалистите и демократите освоија 137 места во Европскиот парламент, Европската партија за обнова (либерали) 80 места, Европските конзервативци и реформисти (десница) 73, Групата за идентитет и демократија (екстремна десница) 58.
Левицата освои 36 пратенички места, а 99 пратеници не се приклучија на ниту една група во Европскиот парламент.
Додека центристичките, либералните и социјалистичките партии ја задржаа контролата, блокот значително се придвижи кон десницата, што може да го отежне донесувањето закони и одлуки.
Изборите што ја обликуваат Европската Унија во следните пет години, исто така, се сметаат за де факто референдум за актуелните национални влади.
Поради тоа францускиот претседател Емануел Макрон во неделата го распушти Долниот дом на францускиот Парламент, односно Националното собрание и распиша предвремени избори откако екстремно десничарскиот Национален фронт му нанесе тежок пораз на неговиот табор на евроизборите.
Како и Макрон, и германскиот канцелар Олаф Шолц претрпе тежок удар, бидејќи неговите социјалдемократи освоија 13,9 отсто од гласовите, додека демохристијаните имаа поддршка од 30 отсто од гласачите. Екстремно десничарската Алтернатива за Германија е втора со 15,9 отсто.
Александар Де Кро ја најави својата оставка како белгиски премиер во драматичен пресврт на настаните по европските избори по убедливиот пораз на неговата Отворена фламанска партија либерали и демократи, која освои само 5,4 гласа на општите избори кои се совпаднаа со европските избори.
Во Шпанија, екстремно десничарската Народна партија освои две места повеќе од Социјалистичката работничка партија на Педро Санчез во Парламентот.