Hakan Çopur
08 Ноември 2024•Ажурирај: 09 Ноември 2024
ВАШИНГТОН (АА) - Милијардерот, бизнисмен Илон Маск, познат по неговата блискост со Доналд Трамп, кој победи на претседателските избори во САД, учествувал во телефонскиот разговор меѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски, известува Анадолу.
Според веста што ја објави американскиот канал Си-ен-ен, заснована врз изјава на неименуван извор кој имал информации за средбата, во телефонскиот разговор меѓу Трамп и Зеленски Маск учествувал и Илон Маск.
За средбата на 6 ноември на Зеленски со Трамп, кој за време на предизборната кампања вети дека ќе стави крај на руско-украинската војна доколку стане претседател, се вели дека била важна од аспект на текот на настаните во регионот.
Се наведува дека Маск, кој и обезбедува интернет на Украина преку сателитите „Старлинк“, внимателно ги следи случувањата во регионот од аспект на руско-украинската војна.
Украинскиот претседател Зеленски во врска со средбата, на својот профил на платформата X објави:
„Неговата огромна кампања го овозможи овој резултат. Ги пофалив неговото семејство и тим за нивната одлична работа“.
Истакнувајќи дека се согласиле да го продолжат блискиот дијалог меѓу двете земји и да ја унапредат соработката, Зеленски посочи дека силното и непоколебливо лидерство на САД е од витално значење за светот и за праведен мир.
Се тврди дека Маск, кој отворено го поддржуваше Трамп со донирање милиони долари за време на предизборната кампања, може да добие место во новиот кабинет.