Kristina Maslareviç
07 Јуни 2016•Ажурирај: 08 Јуни 2016
БЕЛГРАД (АА) - Со состанокот со претседателот на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, и претседателот на Единствена Србија, Драган Марковиќ, претседателот на Српската напредна странка и мандатарот Александар Вучиќ ги почна консултациите за новиот состав на Владата во зградата на Собранието на Србија во Белград, јавува Anadolu Agency (АА).
Вучиќ во текот на денот се состана и со претставниците на останатите изборни листи, кои учествуваат во Собранието. За време на состанокот ќе разговараат, како е соопштено од СНС, за развојот и напредокот на Србија во иднината и ќе бидат претставени основните точки на програмата на новата влада.
По состанокот со претставниците на коалициите собрани околу СПС, Вучиќ ќе се состане со претседателот на Српската радикална партија, Воислав Шешељ, а потоа и со претставниците на изборната листа ЛДП-ЛСВ-СДС, а по тоа и со претставниците на движењето Двери.
Како што најави претходно мандатарот Вучиќ, новата Влада на Србија треба да биде формирана до 16-ти јуни.