Adel Ömeragiç
23 Јуни 2016•Ажурирај: 23 Јуни 2016
ПОДГОРИЦА (АА) - Парламентот на Албанија денес ќе го ратификува протоколот за пристап на Црна Гора во НАТО, јавува Anadolu Agency (AA)
Протоколот за пристап досега е ратификуван од Исланд, Словенија, Унгарија и Словачка. На денешната седница на албанскиот парламент ќе присуствуваат претседателот на Собранието на Црна Гора, Дарко Пајовиќ.
Црна Гора на 19-ти мај во Брисел потпиша протокол за полноправно членство во НАТО. Во рамките на овој процес, потребно е сите членки на НАТО внатре своите парламенти да ги ратификуваат наведените протоколи. На крајот, останува Црна Гора да го ратификува тој документ, со што се завршува процесот.
Процесот на ратификација на протоколот во парламентите на 28 членки на Алијанската, како е најавено повеќе пати претходно, би требал да биде завршен до средината на 2017 година. На следниот самит на НАТО кој ќе биде одржан во Варшава, Црна Гора ќе има статус на набљудувач.