Ekip
05 Јули 2016•Ажурирај: 06 Јули 2016
СЕУЛ (AA) – Министерот за надворешни работи на Јужна Кореја Јун Биунг-се изјави дека ситуацијата на Корејскиот полуостров е ,,потешка од било кога претходно" и повика на истрајување во спроведувањето на санкциите кон Северна Кореја за да се натера официјалниот Пјонгјанг на процесот на денуклеризација, пенесува Anadolu Agency (AA).
Јужнокореанскиот мнистер за надворешни работи Јун предупреди дека истрајувањето во санкциите е единствениот начин Северна Кореја да се исчисти од нуклеарното оружје
Јужна Кореја во изминатите два месеци одби низа повици од Северна Кореја за воспоставување на дијалог а јужнокорејската опозиција во неколку наврати го критикуваше официјалниот Сеул дека на тој начин ја пропушта шансата за нормализација на односите со полуостровот.
Новинската агенција Јонхап јавува дека шефот на јужнокореанската дипломатија Јун ја ктитикуваше опозицијата на Јужна Кореја поради таквите остапки и порака дека санкциите мораат да бидат продолжени бидејќи Кореја „го познава само јазикот на притисокот".
Од друга страна, Северна Кореја ги обвини САД да го водат „нуклеарни манијаци" а државната новинска агенција од Пјонгјанг KCNA ја пренесува загриженоста на власта на таа земја и поради минатомесечното учество на американските бомбардери (B-52) во воени вежби во соседна Јапонија.
Официјалниот Пјонгјанг смета дека токму САД е одговорен за тензиите помеѓу северот и југот на Кореја кои беа во тригодишна војна далечната 1950 година. Блиску 30.000 американски војници моментално се наоѓаат во Јужна Кореја со цел да одржуваат мир на тој полуостров.