Zülfiya Yakup
06 Јули 2016•Ажурирај: 06 Јули 2016
ПРИШТИНА (АА) - Министерството за трговија и индустрија денес официјално го започна проектот „Помош во примената на Договорот за стабилизација и придружување - Директива за услугите на ЕУ”, финансиран од ЕУ. Целта на проектот е да го олесни приближувањето кон ЕУ, поддржувајќи го прилагодувањето и имплементацијата на косовското законодавство со европското законодавство на полето на услугите, јавува Anadolu Agency (АА).
Шефот за соработка на Канцеларијата на ЕУ во Косово, Кристоф Сток, истакна дека Договорот за стабилизација и асоцијација (ССП) пружа многу можности во областа на услугите и дека овој проект се однесува и на области кои се поврзани со услугите.
„Една од нив е областа на градежништвото и претставува еден од клучните сектори на Косово, како и во многуте други земји членки на ЕУ. Мислам дека доколку постои бесплатно пружање на услуги во областа на градежништвото, дека тоа ќе биде придонес во корист на двете страни, како за ЕУ, така и за Косово”, изјави Сток.
Тој наведе дека од овој проект ќе произлезат и препораки кои треба да се земат в предвид во процесот на реформата на косовското законодавство.
Министерката за трговија и индустрија, Хикмет Бајрами, изјави дека е важно Владата на Косово со помош а донатори да создаде конкретни механизми за имплементација на Договорот за стабилизација и асоцијација.
„Минатата година трговскиот биланс беше милијарда и 219 милиони евра од што 435 милиони увоз на услуги и 777 милиони имавме извоз на услуги. Ова е сектор со многу потенцијал за развој и со сите тие механизми и прилагодување на нашето законодавство со она од ЕУ, ќе поттикнеме понатамошен развој на овој сектор”, изјави Бајрами.
Во тој контекст, Бајрами ја повика ЕУ да го поддржи Косово во процесот на визната либерализација, бидејќи слободното движење за граѓаните и работниците на Косово е многу важно за извозот на еден дел од секторот за услуги.
Заменикот министер за европски интеграции, Рамадан Иљази, изјави дека поддршката на проектот „Директива за услугите на ЕУ” е многу важна за имплементација на Договорот, посебно кога се има в предвид дека законодавството за услуги во Европската унија е хоризонтално и опфаќа низа услуги, од трговија на стока и услуги на големо и мало, областа на градежништвото, работните услуги, туризмот и рекреацијата, до некои активности поврзани со регулирани професии.
Одредбите на проестот „Директива за услугите на ЕУ” имаат за цел да се поедностави административната процедура, да се отстранат препреките за услужните активности, како и да се подобри меѓусебната доверба меѓу земјите членки и довербата на давателите на услуги и корисниците на внатрешниот пазар.