политика

„Односите меѓу Турција и Велика Британија повеќе ќе се развијат по Брегзит"

„Луѓето со турско потекло во Велика Британија придонесуваат за економијата и општеството во таа земја. Британските граѓани со турско потекло, како што сум и јас, се мост помеѓу двете земји“, изјави Новаки

Ahmet Gürhan Kartal  | 21.05.2019 - Обновена : 21.05.2019
„Односите меѓу Турција и Велика Британија повеќе ќе се развијат по Брегзит"

ЛОНДОН (АА) - Британката со турско потекло која е кандидат за Европскиот парламент, Нева Кадиоглу Новаки, изјави дека односите меѓу Турција и Велика Британија по Брегзит ќе се развијат уште повеќе, јавува Anadolu Agency (AA).

Британката со турско потекло, конзервативката Кадиоглу-Новаки и единствен кандидат за место во Европскиот парламент, изјави дека Брегзит ќе го отвори патот за можна реформа во трговијата меѓу Турција и Велика Британија.

„Сегашниот договор за Европската Унија, царинската унија помеѓу Турција и Блокот, бара Турција да ги отвори своите пазари на трета земја, доколку ЕУ потпише трговски договор со таа земја, но таа земја не мора да ги отвора своите пазари за Турција“, објасни таа.

Во разговор за Anadolu Agency (AA), Новаки изјави: „Луѓето со турско потекло во Велика Британија придонесуваат за економијата и општеството во таа земја. Британските граѓани со турско потекло, како што сум и јас, се мост помеѓу двете земји“, изјави таа.

Зборувајќи за негативната употреба на Турција и турските граѓани во кампањата за Брегзит пред референдумот во 2016 година, Новаки изјави дека таа верувала оти нејзиниот фокус [на кампањата] би требало да биде иднината, наместо кампањата за референдумот за Брегзит која се случи пред две години.

Кампањата за напуштање на Велика Британија на ЕУ го искористи можното членство на Турција во ЕУ како закана за Велика Британија и неоправдано тврдеше дека повеќе од 70 милиони Турци ќе влезат во земјата, доколку Велика Британија остане членка, при што ова тврдење е широко прифатено како неосновано.

„Зголемените гласови на Партијата за независност на Обединетото Кралство (Велика Британија) и екстремно десничарските партии ме натажуваат. Ова е прашање за загриженост. Сепак, причината за зголемувањето на гласовите сега е нивниот цврст став за прашањето за Брегзит. Нивниот пораст не е поврзан со исламофобијата, туку со нивното барање да се отстапи од ЕУ“, изјави таа.

Нагласувајќи дека крајната десница по секоја цена го брани заминувањето од ЕУ, Новаки рече: „Конзервативната партија му придава значење на Брегзит, кој ќе ги заштити правата на граѓаните и економските интереси.“

Новаки изјави дека е полесно да се биде млад женски турски политичар во Велика Британија отколку во ЕУ.

„Турската заедница во Велика Британија, за жал, не е активна во Конзервативната партија и не е вклучена во политиката генерално“, изјави Новаки.

„Затоа, сѐ уште нема пратеник од турската заедница. Се надевам дека ова ќе се промени во наредните години, но би сакала да истакнам дека мојот турски идентитет никогаш не бил негативен фактор во британската политичка арена“, рече таа.

Новаки, која е родена во Турција, но израснала во Велика Британија, ќе влезе на изборите како кандидат од југоисточниот изборен регион кој се состои од градовите Беркшир, Бакингамшир, Источен Сасекс, Хемшир, островот Вајт, Кент, Оксфордшир, Суреј, Вест Сасекс.

Околу 374 милиони граѓани на ЕУ ќе излезат на гласање во периодот од 23 до 26 мај за избор на нови членови на Европскиот парламент.

Велика Британија се приклучува на изборите, бидејќи процесот Брегзит не можеше да се заврши навреме. Европската Унија го продолжи рокот за Брегзит до крајот на октомври, откако претходните рокови на 31 март и 12 април беа постигнати без договор за напуштање на Блокот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.