Ahmet Dursun
13 Октомври 2018•Ажурирај: 15 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Претседателот на Комисијата за национална безбедност и надворешна политика во иранскиот Парламент, Хашметула Фелахетпише, истакна дека треба да останат отворени дипломатските канали меѓу Техеран и Вашингтон, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Треба да се воспостави дијалог со некои американски политичари кои можат да го спречат блокирањето на опсежните санкции кон Иран, но и со лица во други области“, нагласи Фелахетпише во изјава за иранската официјална новинска агенција ИРНА.
Фелахетпише рече дека претседателот на САД, Доналд Трамп, со политиките кои ги следи ја изолира неговата земја од меѓународната заедница. „Затоа не треба да се затворат дипломатските канали со САД, бидејќи САД не се состојат само од Трамп“, додаде тој.
Фелахетпише истакна дека постои едно ново ублажување во дипломатските односи меѓу Иран и САД, благодарение на дипломатските активности, преговори и активности за лобирање на Трамп со неговата опозиција.