Fatjon Cuka
23 Јуни 2016•Ажурирај: 24 Јуни 2016
ТИРАНА (АА) - Претседателот на Собранието на Црна Гора, Дарко Пајовиќ, престојува во официјална посета на Албанија, каде што се сретна со неговиот албански колега Илир Мета, јавува Anadolu Agency (AA).
Во официјалното соопштение на Собранието, се вели дека на средбата која се оствари без присуство на медиумите се разговарало за билатералните односи и за интензивирање на соработката меѓу двата парламента со цел унапредување на европската интеграција и регионалните стратешки проекти.
За време на средбата Мета и Пајовиќ истакнаа дека односите меѓу Албанија и Црна Гора се одличен пример за добрососедски односи во регионот. Исто така се зборуваше за правата на Албанците во Црна Гора.
По средбата претседателите на парламентите, Мета и Пајовиќ, во Собранието одржаа заедничка прес-конференција.
Мета истакна дека пристапот на Црна Гора во НАТО и напредокот и без одлагање на процесот на евро-атлантската интеграција за сите земји во регионот, се клучни за зајакнување на изгледите за мир и стабилност во Југоисточна Европа.
„Дефинитивно односите меѓу Албанија и Црна Гора отсекогаш биле одличен модел на добрососедство. Албанија ја поддржа безрезервно евро-атлантската интеграција на Црна Гора. Затоа, денес, албанскиот парламент ќе гласа за ратификација на Протоколот за Договорот на Северноатлантската алијанса за пристапување на Црна Гора во НАТО. Во овој поглед, албанско-црногорската соработка и пријателство се многу важни и значајни за стабилноста на регионот", рече Мета.
Според Мета, проектот на Јадранско-јонската магистрала, проширувањето на гасоводот ТАП преку филијала на ИАП и слични проекти се од стратешко значење за регионот, каде што, како што рече тој, Албанија и Црна Гора ќе имаат значајни бенефиции.
Претседателот на Собранието на Црна Гора рече дека НАТО е важен за обезбедување на мирот не само за Црна Гора, туку и за регионот.
„Му се заблагодарувам на албанскиот парламент за забрзувањето на членството. На овој начин не само што ќе ја зацврсти нашата врска, но ќе испрати добра порака до другите земји-членки на НАТО да го забрзаат овој процес кој одеше во вистинска насока и темпо. Верувам дека односите меѓу двете земји, односите на Балканот, мора да одат во насока на зајакнување на европските вредности бидејќи јас сум убеден дека овој став, исто така, го делат и луѓето без разлика на која страна на границата се. Тие сакаат соработка, цивилизациски вредности и европски вредности”, вели Пајовиќ.
Претседателот на Собранието на Црна Гора, Дарко Пајовиќ, кој се наоѓа во Тирана по повод ратификацијата на Протоколот на Северноатлантскиот договор за пристапување на Црна Гора во НАТО од страна на Собранието на денешната пленарна седница.