Операција Извор на мирот

Турско МО: „Турција внимателно го набљудува повлекувањето на ЈПГ/ПКК од северна Сирија“

„Од четвртокот, кога Турција и САД постигнаа договор за 120-часовен прекин на антитерористичката операција на Турција во северна Сирија, со цел повлекување на терористите на ЈПГ/ПКК од планираната безбедносна зона, регионот го напуштија 136 возила“

Dilara Hamit  | 22.10.2019 - Обновена : 23.10.2019
Турско МО: „Турција внимателно го набљудува повлекувањето на ЈПГ/ПКК од северна Сирија“

АНКАРА (АА) - Турција внимателно го следи повлекувањето на терористите на ЈПГ/ПКК од планираната безбедносна зона во северна Сирија“, истакна портпаролката на турското Министерство за одбрана, на неколку часа пред истекувањето на привремениот прекин на прекуграничната операција на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).

„Од четвртокот, кога Турција и Соединетите Американски Држави (САД) постигнаа договор за 120-часовен прекин на антитерористичката операција на Турција во северна Сирија, со цел повлекување на терористите на ЈПГ/ПКК од планираната безбедносна зона, регионот го напуштија 136 возила“, им изјави на новинарите офицерот за односи со медиумите и јавноста, потполковничката Надиде Шебнем Актоп, во Анкара, главниот град на Турција.

„Додека Турските вооружени сили целосно се придржуваат кон договорот [со САД] во врска со воспоставувањето на безбедносната зона, досега се извршени 42 прекршувања на тој договор од терористите на ЈПГ/ПКК“, рече Актоп.

„Турција секогаш го задржува правото на самоодбрана против предизвикувачките пукотници и прекршувањата, кои веднаш се споделуваат со САД“, истакна таа.

Турција на 9 октомври ја започна операцијата „Извор на мирот“ за елиминирање на терористите од северна Сирија, со цел обезбедување на турската граница и безбедно враќање на сириските бегалци, како и осигурување на сирискиот територијален интегритет.

Дадениот рок за привремено запирање на антитерористичката операција завршува вечерва.

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, и американскиот потпретседател, Мајк Пенс, претходно се договорија за безбедносната зона во длабочина од 32 километри јужно од турската граница кон тлото на северна Сирија.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.