Ekipa
22 Октомври 2019•Ажурирај: 22 Октомври 2019
ТЕЛ АБЈАД / РАС АЛ АЈН (АА) – Тројца војници на Сириската национална војска (СНВ) кои учествуваа во операцијата „Извор на мирот“ загинаа, а 18 се повредени како резултат на самоубиствен напад на терористите на ЈПГ/ПКК, пренесува Anadolu Agency (AA).
Терористите на ЈПГ/ПКК продолжуваат да го кршат Договорот меѓу Турција и Соединетите Американски Држави (САД) со кој се предвидува 120-часовно запирање на операцијата, со цел терористите да се повлечат од регионот.
Терористите, со возило натоварено со бомба извршија самоубиствен напад врз позициите на Сириската национална војска (СНВ) кои се наоѓаат во Тел Абјад на сириската територија.
Во нападот загинаа тројца војници на СНВ, а повредени се 10.
На сириската територија во областа Рас ал Ајн, исто така, од рачно изработен експлозив повредени се 8 војници на СНВ, при вршење на активности за пребарување на областа за осигурување на безбедноста.
Од 9 октомври кога започна операцијата „Извор на мирот“, 84 војници на СНВ загинаа, а 310 беа повредени.
Војниците на Сириската национална војска (СНВ) ги продолжуваат своите активности за пребарување во населените места и патиштата кои се ослободени при операцијата.