Enes Canlı
20 Октомври 2019•Ажурирај: 21 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - На социјалните мрежи продолжено е ширењето дезинформации за операцијата „Извор на мирот“, којашто турските сили ја спроведуваат во североисточна Сирија, а приврзаниците на терористичката организација се обидоа да прикажат снимка од обидот за бегство на терористите на ДЕАШ, како да е направена во текот на споменатата антитерористичка операција, јавува Anadolu Agency (AA).
На социјалните мрежи сѐ почесто се појавуваат информации, фотографии и водеозаписи снимени на различни места и во различно време, а кои симпатизерите на терористите ги претставуваат како да се направени во текот на операцијата „Извор на мирот“.
Имено, приврзаниците на ЈПГ/ПКК ја продолжија кампањата со злоупотреба на снимка од „припадниците на ДЕАШ кои бегаат од затвор“.
Така, еден од симпатизерите на профилот сподели снимка од безбедносни камери на која е видливо дека уапсените припадници на ДЕАШ се обидуваат да избегаат од затворот. Во описот на снимката се наведува дека припадниците на Вооружените сили на Турција (ТСК) во текот на операцијата ги ослободиле припадниците на терористичката организација ДЕАШ. Снимката е всушност прикажана во септември на американски телевизиски канал.