Sarp Özer
10 Октомври 2019•Ажурирај: 11 Октомври 2019
АНКАРА (AA) - Вкупно 174 терористи на ПКК/ПЈД-ЈПГ неутрализирани се од почетокот на операцијата „Извор на мирот", потврдено е од Министерството за одбрана на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Министерството се споделени најновите информации за бројот на неутрализирани терористи на ПКК/ПЈД-ЈПГ во операцијата „Извор на мирот", која вчера ја започнаа Вооружените сили на Турција.
Наведено е дека во текот на воздушните напади на терористичките положби во сирискиот Рас-ал Ајна се неутрализирани најмалку 19 терористи.
„Од почетокот на операцијата „Извор на мирот" неутрализирани се вкупно 174 терористи на ПКК/ПЈД-ЈПГ", пишува во соопштението.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека целта на операцијата е со елиминација на терористичките елемтни да се осигура турската граница и да се спречи воспоставување терористички коридор, кој терористите на ЈПГ/ПКК настојуваат да го формираат јужно од границата со Турција.