Mehmet Tosun
06 Февруари 2017•Ажурирај: 07 Февруари 2017
АНКАРА (АА) – Министерството за внатрешни работи на Турција соопшти дека во операциите спроведени во текот на неделата против терористичката организација ДЕАШ, се приведени вкупно 820 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите од Министерството, минатата недела заклучно со викендов, против ДЕАШ се спроведени операции во 29 области од Турција, при што се приведени вкупно 820 лица.
Од друга страна пак, во рамките на борбата против терористичката сепаратистичка организација, специјалните жандармериски сили, жандармериските единиците од командоси, специјалните полициски сили и Турските вооружени сили спроведоа 165 операции. Притворени се 29 од 287 приведени лица, поради помагање и засолнување членови на сепаратистичката терористичка организација.
Од 701 лице приведени поради поврзаност со ФЕТО/ПДЈ, 73 лица се изведени пред суд, по што се притворени. Поради поврзаност со левичарски терористички организации, од приведените 21 лицe, двајца се притворени.
Во операциите спроведени низ целата територија на Турција, беа фатени пет терористи по кои се трагаше, додека седум терористи им се предадоа на безбедносните сили.