Операција Извор на мирот

Ердоган: „Турските сили ја започнаа операцијата „Извор на мирот“ во северна Сирија“

„Наша цел е да го оневозможиме формирањето на терористички коридор на нашата јужна граница и да донесеме мир и спокој во регионот“

Ferdi Türkten  | 09.10.2019 - Обновена : 10.10.2019
Ердоган: „Турските сили ја започнаа операцијата „Извор на мирот“ во северна Сирија“

Ankara

АНКАРА (АА) – Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, соопшти дека Турските вооружени сили (ТСК) ја започнаа операцијата „Извор на мирот“ против терористичките организации ПКК/ЈПГ и ДЕАШ во северна Сирија, пренесува Anadolu Agency (AA).

 Ердоган на својот Твитер профил се осврна на операцијата „Извор на мирот“.

„Турските вооружени сили ја започнаа операцијата „Извор на мирот“ против терористичките ПКК/ЈПГ и ДЕАШ во северна Сирија. Наша цел е да го оневозможиме формирањето на терористички коридор на нашата јужна граница и да донесеме мир и спокој во регионот“, истакна Ердоган

Тој додаде дека со операцијата „Извор на мирот“ ќе се отстрани терористичката закана за Турција.

„Со операцијата „Извор на мирот“, ќе го заштитиме територијалниот интегритет на Сирија и ќе ги ослободиме луѓето од регионот од канџите на терорoт“, нагласи тој.

Турскиот претседател истакна дека безбедносната зона формирана благодарение на операцијата ќе овозможи сириските бегалци да се вратат во својата земја.

Турскиот претседател пораката ја напиша и на англиски и арапски јазик.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.