Berk Özkan
19 Октомври 2019•Ажурирај: 20 Октомври 2019
ИСТАНБУЛ (AA) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и американскиот претседател Доналд Трамп разговараа телефонски, јавува Anadolu Agency.
Ердоган преку социјалната мрежа Твитер потврди дека разговарал со претседателот Трамп.
„Во телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп разменивме мислења за билатералните прашања како и за безбедосната зона која е планирано да се воспостави источно од Еуфрат", напиша Ердоган.
Додаде дека во текот на разговорот изразил задоволство поради чекорите кои ги преземале Турција и САД за да дополнително се зајакнат односите на двете земји.
„Очекувам да продолжат нашите заеднички напори во врска со воспоставувањето на сигурна зона на северот на Сирија и во регионот да бидат воспоставени мирот и стабилноста", истакна турскиот претседател.
Во Анкара синоќа е одржан состанок на делегациите на Турција и САД на кој е постигнат договорот за запирање на операцијата „Извор на мирот", истакна турскиот претседател.
Турските сили на 9 октомври ја покренаа операцијата „Извор на мирот" на североистокот на Сирија, односно во пограничниот појас на источниот брег на Еуфрат кој е под окупација на терористичката организација ЈПГ/ПКК.