образование

Училиште од Скопје се збратими со училиште од Чанаккале од Турција

Основното училиште „Лазо Ангеловски“ од Општина Аеродром во Скопје потпиша протокол за збратимување со Основното училиште „Гази“, кое се наоѓа во подрачјето на Езине, во турската област Чанаккале

Birol Güngördü  | 01.12.2019 - Обновена : 03.12.2019
Училиште од Скопје се збратими со училиште од Чанаккале од Турција (Foto: Birol Güngördü/ Anadolu Agency)

ЧАНАККАЛЕ (АА) - Основното училиште „Лазо Ангеловски“ од Општина Аеродром во Скопје потпиша протокол за збратимување со Основното училиште „Гази“, кое се наоѓа во подрачјето на Езине, во турската област Чанаккале, јавува Агенција Анадолија (АА).

Овој протокол беше потпишан во рамки на Проектот за збратимување на училишта на Министерството за образование на Турција.

Турската делегација оствари посета на Северна Македонија, во чии рамки го посети Основното училиште „Лазо Ангеловски“.

Во рамки на оваа посета беа реализирани заемни презентации од областа на образованието, културата, спортот и социјалната област, а беа разменети и мислења за наставната програма во Турција и во Северна Македонија.

Турската делегација потоа го посети и градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин.

„Задоволен сум од вашата посета во нашата земја. Сметам дека ова братство треба да биде и меѓу општините, а не само меѓу училиштата. Затоа веднаш треба да ги започнеме работите и да овозможиме ваквите проекти да бидат трајни“, рече Марин за време на состанокот, поздравувајќи ја иницијативата на училиштето „Гази“ и училиштето „Лазо Ангеловски“.

Марин рече дека ќе започнат иницијатива за збратимување на Општина Аеродром и Општина Езине.

Од друга страна, Орхан Акман, директор на Одделот за образование во ова подрачје, рече дека во Северна Македонија сè уште постојат траги на турската култура.

Директорот на турското училиште, Орал Динчкан, нагласи дека се горди за реализирањето на првиот чекор на овој плоден проект, и дека како резултат на заемни договори поставени се темелите на братството што ќе траат долги години.

Координаторот на овој проект, Илјас Даш, кој воедно е наставник по англиски јазик во турското училиште, истакна дека целта на проектот е реализирање различни социјални и културни активности, разменување на мислења во оваа насока и презентирање на образовните системи.

„Имавме прилика да се запознаеме со образовниот систем во Скопје, во Северна Македонија. Нашето збратимено училиште во март 2020 година ќе нè посети нас“, додаде Даш.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.