образование

Списанието за деца на турски јазик „Карделен" одбележа 10 години постоење

Главниот уредник на списанието за деца „Карделен", Мухсин Куртиш, рече дека ова списание го претставува гласот на турските деца во земјата, искажувајќи радост поради одбележување на јубилејната 10. годишнина од постоењето на списанието

Seyyid Emin  | 26.11.2019 - Обновена : 26.11.2019
Списанието за деца на турски јазик „Карделен" одбележа 10 години постоење (Foto: Seyyid Emin/Anadolu Agency)

СКОПЈЕ (АА) - Со пригодна програма во Скопје одбележана е 10. годишнината од постоењето на списанието за деца на турски јазик „Карделен", кое се објавува во Северна Македонија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Ова списание почна да се објавува во 2009 година во рамки на Здружението за култура, уметност и образование „Мост“ (Köprü).

По овој повод, со поддршка на Министерството за култура на Северна Македонија се одржа церемонија во Домот на Армијата во Скопје, на која учествуваа заменик амбасадорот на Турција во Скопје, Умут Лутфи Озтурк, член на кабинетот на министерот за култура на Северна Македонија, Афет Јашари, претставници на турските институции и здруженија во земјата, ученици, наставници како и бројни поканети гости.

Во своето обраќање пред присутните, Јашари нагласи дека одбележувањето на 10. годишнината на ова списание претставува културно богатство за Министерството за култура на Северна Македонија, и дека тоа ја покажува културната разновидност во оваа земја.

Претседателот на Сојузот на турските невладини организации во Северна Македонија (МАТУСИТЕБ), а воедно и претседател на Здружението „Мост", Хусрев Емин, рече дека со одлука на Министерството за образование и наука на Северна Македонија, ова списание од 2013 година се користи како дополнителен наставен материјал во основните училишта во земјата каде се одржува настава и на турски јазик.

Според него, ова списание е многу важна во насока на развојот на карактерот, како и националниот и духовниот идентитет на децата.

Главниот уредник на списанието „Карделен", Мухсин Куртиш, рече дека ова списание го претставува гласот на турските деца во земјата, искажувајќи радост поради одбележување на јубилејната 10. годишнина од постоењето на списанието.

Јелиз Даут Куртиш, уредничка на „Карделен", рече дека во овие 10 години едуцирале деца и развивале нови генерации и истакна дека иднината им припаѓа на децата.

Во рамки на церемонијата, Сејхан Муртезан Ибрахими, асистентка на Интернационалниот Балкански Универзитет (ИБУ) во Скопје, имаше презентација на тема „Развојот на детската литература во Северна Македонија“.

Ученици од основно училиште одржаа театарска претстава, а присутните имаа можност да го погледнат краткометражниот филм подготвен по повод 10. годишнината на постоењето на „Карделен".

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.