Zehra Nur Düz
22 Ноември 2019•Ажурирај: 24 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Вкупно 34 турски универзитети влегоа во ранг-листата на светски универзитети за високо образование за 2020 година на „Тајмс“ (The Times), пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Тајмс“ оваа година рангираше 1.400 универзитети од 92 земји од светот, јави турската „Ажанс прес“ (Ajans Press).
Шеесет универзитети од САД, 28 од Велика Британија и 23 од Германија се најдоа во првите 200 универзитети на листата за 2020 година.
Универзитетот „Оксфорд“ се наоѓа на првото место на листата, четврта година по ред.
Истражувањето објавено денес од медиумските мониторинг-центри на „Ажанс прес“ (Ajans Press) и „ПРНет“ (PRNet) покажува дека годинава се пријавени вкупно 145.022 вести за турските универзитети.
Во вестите доминирале настаните, конференциите и интервјуата организирани од турските универзитети, како и некои од нивните нови технолошки откритија.
Универзитетот „Чанкаја“ од Анкара и Универзитетот „Сабанџи“ во Истанбул се наоѓаат од 401-500. место, додека Универзитетите „Билкент“ и „Хаџетепе“ во Анкара и Универзитетот „Коч“ во Истанбул се на ранг-листата од 501-600. место на светско ниво.