Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ) и Санте плус груп потпишаа Меморандум за соработка
Меѓународниот балкански универзитет и Санте плус груп потпишаа Меморандум за соработка,воспоставувајќи стратешко партнерство кое отвора пат за новите генерации лекари и медицински професионалци да се обучуваат според највисоките меѓународни стандарди

СКОПЈЕ (АА) - Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ) и Санте плус груп потпишаа Меморандум за соработка, воспоставувајќи стратешко партнерство кое отвора пат за новите генерации лекари и медицински професионалци да се обучуваат според највисоките меѓународни стандарди, известува Анадолу.
Во соопштението на ИБУ се наведува дека потпишаниот Меморандум за соработка претставува голем исчекор за двете институции, особено за студентите на ИБУ.
„Со овој договор, студентите од ИБУ добиваат можност да се стекнат со медицинско искуство од медицинските професионалци на Санте плус груп - реномирано име во здравствениот сектор во Северна Македонија и пошироко“, се наведува во соопштението.
Меморандумот за соработка го потпишаа проф. д-р Лутфи Сунар, ректорот на ИБУ, и д-р Билал Кара, сопственик на Санте плус груп во Северна Македонија, кои ја истакнаа важноста на ова партнерство за иднината на медицинското образование во регионот.
Проф. д-р Лутфи Сунар ја нагласи посветеноста на ИБУ во обезбедување квалитетно академско образование, како и практично искуство и менторство во согласност со глобалните стандарди.
Д-р Билал Кара го изрази своето задоволство од оваа соработка, нагласувајќи ја визијата и енергијата на ИБУ како динамична и визионерска партнерска институција.
Од ИБУ соопштија дека потпишаниот меморандум претставува повеќе од институционален договор, бидејќи ја одразува заедничката визија за инвестирање во младите, поттикнување на талентите и зајакнување на капацитетот на земјата да ги задржи своите најперспективни кадри.