САД укинуваат уште 60 милиони долари грантови за Универзитетот Харвард
- „Министерството презема решителни чекори за заштита на граѓанските права во високото образование“, се наведува во соопштението на Министерството за здравство и човечки услуги на САД објавено на платформата Х.

ВАШИНГТОН (АА) – Министерството за здравство и човечки услуги на САД (ХХС) соопшти дека укинува федерални грантови во вредност од 60 милиони долари за Универзитетот Харвард, јавува Анадолу.
„Министерството презема решителни чекори за заштита на граѓанските права во високото образование“, се наведува во соопштението објавено на платформата Х.
„Поради континуираниот неуспех на Универзитетот Харвард да се справи со антисемитското вознемирување и расната дискриминација, Министерството укинува повеќе долгорочни грантови – во вкупен износ од приближно 60 милиони долари“, додава Министерството.
Според Министерството, дискриминација „нема да се толерира“ во универзитетските кампуси и федералните средства мора да поддржуваат институции што ги штитат сите студенти.
Администрацијата на претседателот Доналд Трамп веќе замрзна повеќе од 2,2 милијарди долари федерални грантови за Харвард, како и 60 милиони долари во договори.
Универзитетот Харвард поднесе тужба против администрацијата, тврдејќи дека замрзнувањето на средствата е спротивно на Првиот амандман и на федералните закони, кои му забрануваат на претседателот, директно или индиректно да ѝ наложи на Службата за внатрешни приходи (ИРС) да покрене или прекине ревизија или истрага.
Минатата недела претседателот на Харвард, Алан Гарбер, објави дека универзитетот ќе издвои 250 милиони долари од сопствени средства за поддршка на истражувањата.
Администрацијата на Трамп веќе најави слични мерки против повеќе универзитети, меѓу кои и Харвард, поради протестите во кампусите за поддршка на Палестина и поради програмите за разновидност, еднаквост и инклузија (ДЕИ).
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.