Admir Fazlagic
17 Декември 2020•Ажурирано: 19 Декември 2020
СКОПЈЕ (АА) - Стопанската комора Македонија-Турција (МАТТО) и нејзините членки донираа лаптопи за наставници во училиштата ширум државата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„МАТТО и нејзините членки со цел да не сопре образовниот процес во Република Северна Македонија, а воедно и истиот да тече континуирано, како и да се подобрува во време на пандемија на коронавирусот (Ковид-19), донираа лаптопи за наставници во училиштата ширум државата", соопшти МАТТО.
Како што се наведува во соопштението, МАТТО и нејзините членки донираа 61 лаптоп во 25 училишта во 14 општини низ државата наменети за наставниците главно во руралните средини.
Оваа активност на МАТТО и нејзините членки следи по одлуката на Министерството за образование и наука образовниот процес во учебната 2020/2021 година да се одвива онлајн.
„МАТТО во рамки на активностите за општествена одговорност, како и нејзините членки како општествено одговорни компании посетија низа на општини и училишта каде остварија средби со наставниците", се додава во соопштението.