Џоел Мокир, Филип Агион и Питер Хауит се добитници на Нобеловата награда за економија
Половината од наградата му припадна на Мокир „за идентификување на предусловите за одржлив раст преку технолошки напредок“, додека другата половина заеднички им беше доделена на Агион и Хауит „за теоријата на одржлив раст преку креативно уништување“.

ИСТАНБУЛ (АА) – Нобеловата награда за економија за 2025 година им беше доделена на Џоел Мокир, Филип Агион и Питер Хауит, соопшти денес Кралската шведска академија на науките, јавува Анадолу.
Економистите се наградени „за објаснување на економскиот раст поттикнат од иновации“.
Половината од наградата му припадна на Мокир „за идентификување на предусловите за одржлив раст преку технолошки напредок“, додека другата половина заеднички им беше доделена на Агион и Хауит „за теоријата на одржлив раст преку креативно уништување“.
Џоел Мокир е професор по економија и историја на Универзитетот „Нортвестерн“ во САД и се занимава со економската историја на Европа, особено со периодот од 1750 до 1914 година.
Филип Агион е професор на Колеж де Франс и на Лондонската школа за економија, и е познат по своите истражувања во областа на економскиот раст.
Питер Хауит е професор по економија на Универзитетот „Браун“, а најголем дел од неговите истражувања се фокусирани на макроекономијата и на монетарната економија.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.