Murat Temizer
03 Август 2023•Ажурирај: 04 Август 2023
ВАРШАВА (АА) - Лидерите на Литванија, Латвија и Естонија потпишаа договор за синхронизирање на електроенергетските системи на нивните земји со Европа најдоцна до февруари 2025 година, како дел од чекорите кон енергетска независност, пренесува Анадолу.
Премиерката на Естонија, Каја Калас, литванската премиерка Ингрида Симоните и латвискиот премиер Кришјанис Каринш дадоа заедничка изјава во врска со ова прашање.
Според тоа, трите земји ќе ги забрзаат напорите за десинхронизација на електроенергетските системи поврзани со Русија и Белорусија.
Потпишаниот договор има цел да ги синхронизира електроенергетските системи на Литванија, Латвија и Естонија со Европа најдоцна до февруари 2025 година.
„Нагласуваме дека од најголема важност за балтичките држави е да дејствуваат заедно во проектот за синхронизација. Мора да запомниме дека споделуваме заеднички противник надвор од источната граница, а одржувањето на балтичкото единство во сегашната геополитичка ситуација е особено клучно“, се вели во заедничкото соопштение.
„Тоа е уште еден чекор во нашите заеднички напори да постигнеме целосна независност од Русија и да го направиме нашиот енергетски систем поотпорен“, рече латвискиот премиер Кришјанис Каринш во пораката споделена на социјалните мрежи.