Sena Güler
06 Јуни 2020•Ажурирај: 08 Јуни 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Започна клиничката фаза на студијата на терапијата развиена од турски научник за лекување на вирусните заболувања, вклучувајќи го и Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Започна процесот на клиничко истражување на терапискиот метод на „TurkishBeam“, кој овозможува имплементација на терапијата кај пациенти, по неговото одобрување од страна на [турското] Министерство за здравство“, истакна кардиоваскуларниот хирург Хикмет Селчук Гедик од Универзитетот „Гази“ во Анкара, во соопштението објавено од „RD Global INVAMED“.
„TurkishBeam“ е систем за зрачна терапија, за првпат воспоставен и развиен од светски познатата турска фирма по тригодишно истражување на научниците под називот „TurkishBeam селективна ултравиолетова и ласерска терапија“ или само „TurkishBeam“.
Методот, кој може да се користи за првпат во човечкото тело, се смета за глобален потег на Турција што ќе ги промени парадигмите.
Процесот започна со истражувањата за микроорганизмите, како што се вирусите и бактериите, и продолжи со токсиколошките анализи. Стигна до фазата на клиничко истражување по завршувањето на студијата за клеточните култури кај животните и луѓето.
Од ноември 2019 година, групата се фокусира на истражувања за Ковид-19 со користење на истиот метод.
На 4 мај, туското Министерство за здравство ја одобри клиничката фаза на истражувањето. Откако беше најавена пред меѓународните медицински претставници, официјално беше упатена покана за тестирање и соработка од Клиниката во Кливленд, САД, и од Универзитетот „Њујорк“.
Според истражувачите, со терапијата се врши целосно уништување на организмите како што се микроорганизмите, габите, бактериите и вирусите, при што не се оштетуваат клетките и ДНК-та на луѓето.
Во април, клиничката фаза на истражување официјално започна откако беше поднесено меѓународно барање за примена на пациенти.
Коронавирусот, кој за првпат се појави во Кина минатиот декември, се рашири во речиси 200 земји и региони низ целиот свет, а Европа и САД се најмногу погодени региони од епидемијата.
Досега пандемијата во светот зеде речиси 395.000 животи, над 6,7 милиони се заразени, додека повеќе од 2,7 милиони се излекуваа, покажуваат податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.