İlyas Gün
30 Август 2022•Ажурирај: 31 Август 2022
САМСУН (АА) - На престижниот Фестивал на воздухопловство во Република Туркије прв пат е изложен беспилотниот борбен авион Бајрактар Кизилелма, што го проектираше и го разви компанијата Бајкар, која глобално се прослави со успешните серии на беспилотни летала Бајрактар, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во Туркије се одржува најголемиот светски Фестивал на воздухопловство ТЕКНОФЕСТ КАРАДЕНИЗ, а во Самсун започна финалниот натпревар.
Вниманието на посетителите од утринава го плени новиот производ на турската компанија Бајкар Текноложи, а станува збор за беспилотниот борбен авион Бајрактар Кизилелма, кој прв пат е претставен на јавноста.