Şilan Turp
03 Март 2025•Ажурирај: 05 Март 2025
АНКАРА (АА) - Топењето на мразот на Антарктикот ја ослабува најсилната океанска струја во светот, Антарктичката циркумполарна струја, покажува истражувањето објавено денес во списанието Environmental Research Letters, пренесува Анадолу.
Истражувачите од Универзитетот во Мелбурн и Норвешкиот истражувачки центар NORCE предупредуваат дека струјата би можела да ослаби за 20 отсто до 2050 година во услови на сценарио со високи емисии на јаглерод.
Тие укажуваат дека ова може да влијае и врз глобалната клима и морските екосистеми.
„Океанот е исклучително комплексен и добро балансиран. Доколку овој сегашен 'мотор' се расипе, може да има сериозни последици и поголема климатска варијабилност со поголеми екстреми во одредени региони и забрзано глобално затоплување поради намалувањето на капацитетот на океанот да дејствува како ‘црна дупка’ за јаглерод“, рече коавторот Бишахдата Гајен во соопштението за медиумите.
Дополнително, можно е ослабената струја да дозволи инвазивните видови да стигнат до Антарктикот, потенцијално загрозувајќи ја неговата кревка мрежа на храна.
Истражувањето укажува дека ослабената струја може да доведе до „опасен круг“ каде што ледените капи се изложени на потопла вода што доведува до поголемо топење што, пак, дополнително ја ослабува струјата.
Студијата, исто така, покажува дека дури и при сценарија на пониски емисии, топењето на мразот најверојатно ќе продолжи да ја нарушува струјата, иако со побавно темпо.
„Заедничките напори за ограничување на глобалното затоплување преку намалување на емисиите на јаглерод ќе го ограничат топењето на мразот на Антарктикот, спречувајќи го предвиденото забавување (на струјата)“, рече коавторот Тајмур Сохаил.