наука и технологија

Телескопот на НАСА „Џејмс Веб“ стигна до својата крајна дестинација во вселената

Научниците се еден чекор поблиску до откривање на мистериите на универзумот

Ekipa  | 25.01.2022 - Обновена : 27.01.2022
Телескопот на НАСА „Џејмс Веб“ стигна до својата крајна дестинација во вселената

ХЈУСТОН (АА) - По едномесечно патување низ универзумот, на милион милји оддалечен од Земјата, најголемиот и најмоќниот вселенски телескоп стигна на својата крајна дестинација, јавува Агенција Анадолија (АА).

Телескопот Џејмс Веб во вредност од 10 милијарди долари пристигна на своето одредено место помеѓу Земјата и Сонцето.

„Ние сме еден чекор поблиску до откривање на мистериите на универзумот. Едвај чекам да ги видам првите погледи преку „Веб“ кон универзумот ова лето“, истакна администраторот на НАСА, Бил Нелсон.

Тоа е остварување на сонот на еден астроном. Мега телескопот ќе им овозможи на научниците да имаат широк поглед на космосот, гледајќи наназад пред речиси 14 милијарди години, кога ѕвездите и галаксиите штотуку се формирале.

Бил Окс, проект менаџер на „Веб“ во Центарот за вселенски летови „Годард“ на НАСА, го припиша успехот на проектот на сите членови на тимот, кои посветиле многу години, во одредени случаи и децении, за да се осигураат дека мисијата на телескопот ќе биде успешна.

Пресвртницата е клучна за почеток на истражувањето на местата во универзумот што човековото око никогаш досега не ги видело. Инженерите на НАСА сега ќе започнат интензивен тримесечен процес на прецизно порамнување на телескопот, со цел да се постигне совршена оптика за научно истражување.

Вселенското летало тешко седум тона официјално е оддалечено милион милји (1,6 милиони километри) од Земјата и во моментот се наоѓа во орбитата околу Сонцето. Телескопот „Веб“ се смета за наследник на вселенскиот телескоп „Хабл“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.