Турција, наука и технологија, Коронавирус

Турција: Испитување на вакцината Турковак како бустер доза

Ихсан Атеш, главниот лекар во Градската болница во Анкара, изјави дека вакцината Турковак ќе биде применета на волонтери кои примиле две дози на вакцината на „БајоНтек“ пред најмалку 90 дена, во рамки на испитувањата од втората фаза

Ahmet Sertan Usul  | 24.01.2022 - Обновена : 25.01.2022
Турција: Испитување на вакцината Турковак како бустер доза

АНКАРА (АА) - Здравствените власти во Турција се подготвени да ја користат вакцината против Ковид-19 од домашно производство, Турковак, како дополнителна доза по двете дози од вакцината на „БајоНтек/Фајзер“, јавува Агенција Анадолија (АА).

Ихсан Атеш, главниот лекар во Градската болница во Анкара, изјави дека вакцината Турковак ќе биде применета на волонтери кои примиле две дози на вакцината на „БајоНтек“ пред најмалку 90 дена, во рамки на испитувањата од втората фаза.

„Вкупно 1.034 волонтери ќе добијат вакцини, а студијата се очекува да биде завршена во рок од три месеци“, рече Атеш.

Тој додаде дека тинејџерите ќе ја добиваат вакцината Турковак како основна доза, додека трудниците ќе ја примаат вакцината од наредната недела.

Според пилот-студијата за испитување на дејството кај деца на возраст под 18 години, Турковак ќе ја примат 50 волонтери на возраст од 16 до 18 години, како и 100 волонтери на возраст од 12 до 16 и од 5 до 12 години.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.