Emre Gürkan Abay
09 Март 2021•Ажурирај: 11 Март 2021
МОСКВА (АА) - Властите на Кина и Русија потпишаа протокол за формирање на заедничка вселенска станица на Месечината, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Руската федерална вселенска агенција (Роскосмос) соопшти дека потпишала меморандум за разбирање со Кинеската вселенска агенција (ЦНСА), кој предвидува формирање на заедничка вселенска станица која ќе служи за истражувачки мисии на Месечината.
Во соопштението се наведува дека станицата ќе биде отворена за сите држави кои се заинтересирани за истражување на природниот сателит на Земјата.
„Соработката помеѓу Роскосмос и ЦНСА ќе придонесе за зајакнување на интеракцијата на научните истражувања и користењето на вселенскиот простор за мирљубиви цели во полза на целото човештво“, се истакнува во соопштението.